Јагуар ќе стане целосно електрична луксузна марка до 2025

Јагуар објави дека си поставува цел до 2025 година да стане целосно електричен луксузен бренд.

Како што јавува Аутокар, потегот е дел од стратегијата на Јагуар Ленд ровер (ЈЛР) „Риимеџин“, чија цел е двете марки до 2039 година да постигнат „нето нула јаглерод“. Во рамки на оваа стратегија, Јагуар ќе претстави цела низа целосно електрични модели со „емотивни дизајни и револуционерни технологии од следната генерација“.

Според ЈЛР, планот е дизајниран за Јагуар „да го реализира својот уникатен потенцијал“, но и Јагуар Ленд ровер да стане „еден од најпрофитабилните луксузни произведувачи во светот“

Но, додека Јагуар треба целосно да се електрифицира до 2025 година, транзицијата на Ленд ровер ќе биде нешто поспора. Првиот електричен ленд ровер ќе пристигне во 2024, а целосно електрични верзии на секој автомобил во понудата ќе има до крајот на 2030. До тој момент ЈЛР очекува 100 отсто од продажбата на Јагуар да бидат електрични возила, со околу 60 отсто од продажбата на Ленд ровер. Компанијата најави и дека ќе развива технологија со водородни ќелии „како подготовка за идните побарувања“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе