Сè на сè, тестот вклучува 16 автомобили, меѓу кои БМВ М2 ЦС, мекларен 765ЛТ, ферари Ф8 трибуто, ламборгини хуракан ево, тојота ГР јарис, астон мартин ДБХ, ариел номад Р, порше кајман ГТС, ауди РС7, порше 911 турбо С, фолксваген голф ГТИ, морган плас фор и алпина А110С.
Во клипот детално се прикажани сите модели со кратко покажување како би изгледало да се возат.
Како што може да се забележи од списокот на автомобили, не се сите суперспортски ѕверови, туку има и пообични и понеобични модели кои се забавни за возење и монтираат голема насмевка на лицето.
Минатата година Автомобил на годината за ЕВО беше порше 718 кајман, последниот во низата модели на Порше кои ја добиваа престижната награда од 2000 година.
Дали ќе продолжи доминацијата на Порше во изборот на ЕВО или овој пат друга марка ќе биде победник?