Има толку многу деривати на 911 што Порше мораше да ги објасни (ВИДЕО)

Бидејќи Порше е произведувач на автомобили кои пред сѐ ги купуваат луѓе кои сакаат пријатно возачко доживување, не треба да изненадува тоа што има еден куп деривати на нивниот славен модел – 911.

Има (дури) 24 различни верзии на порше 911 достапни во моментов, од почетната карера, па сѐ до екстремниот ПС ГТ2 РС, еден од најбрзите суперавтомобили во светот.

Инаку, ознаката „карера“ доаѓа од легедарната трка Карера панамерикана од 1950-тите, која се одржувала во Мексико. Како концепт, трката била многу слична со италијанските Миле миља и Тарга флорио.

Што се однесува до бројката 911, тука е „виновен“ Пежо, бидејќи француската компанија се побунила за тоа што Порше ја користел ознаката 901 за наследникот на 356-ката, па Германците морале да го сменат името, кое од 901 станало 911.

Денес може да влезете во светот на 911 со карера, која има 8 различни „вкуса“: карера, карера С, карера кабриолет, карера С кабриолет, карера 4, карера 4С, карера 4 кабриолет и карера 4С кабриолет. Според тоа како Порше ја има структурирано гамата, моделите како карера Т се одвоени од остатокот на карера низата, исто како и тарга 4 и тарга 4С.

Потоа следуваат дериватите на ГТС, кои почнуваат со основниот ГТС, па ГТС кабриолет, 4 ГТС, 4 ГТС кабриолет и тарга 4 ГТС. Потоа доаѓа 911 турбо, турбо С, турбо кабриолет, турбо С кабриолет, ГТ3, ГТ3 РС и ГТ2 РС. Единствениот модел кој фали е 911 спидстер, но тој ќе поче да се произведува следната година.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе