Хонда сака годишно да продава по 10.000 електрични автомобили во Европа

Јапонската компанија има големи очекувања од малиот градски автомобил на струја кој дебитираше на годинешниот автомобилски саем во Франкфурт.

Хонда сега очекува годишно да продаде околу 10 илјади примероци од модело „е“ на Стариот континент. Тоа е двапати повеќе во однос на првичната проценка која јапонската компанија ја изнесе во 2017 кога на јавноста ѝ го претстави концептот на ова електрично возило.

Оптимизмот на Хонда се должи на позитивната реакција на автомобилската публика и податокот дека околу 40.000 потенцијални купувачи покажале интересирање за моделот хонда е. Тоа нормално не значи дека Хонда веќе има 40 илјади сигурно продадени возила, но е добра основа за проценката на годишната продажба.

Хонда е е значаен за јапонската компанја од уште една причина. Овој модел треба да ѝ помогне да се вклопи во новите еколошки норми од аспект на емисиите на јаглерод диоксид кои Европската Унија ги постави за 2020 и 2021 година.

Затоа е важно во Европа да се продадат што е можно повеќе од овие електрични возила (10.000 годишно е рамковната цел) за просечната емисија на јаглерод диоксид на сите нови возила на Хонда да се задржи по 95 грама на километар. Во спротивно, јапонскиот произведувач би морал да ѝ плати казна на ЕУ.

Дали оваа емисиска граница ќе биде надмината зависи од структурата на продажбата на останатите модели на Хонда во Европа. На пример, доколку Европејците купат повеќе примероци на моделот ЦР-В со бензински мотор отколку со хибриден погон, кои емитуваат значително помалку јаглерод диоксид, Хонда ќе мора да продаде повеќе примероци од електричнот „е“.

Прашањето е дали Јапонците ќе ја оставар зацртаната бизнис рамка, ако се има предвид дека хонда е во однос на својата големина и она што го нуди воопшто не е евтина.

Моделот веќе може да се нарача во некои земји од ЕУ. Почетната цена во Германија изнесува 33.850 евра (без пресметани државни субвенции), за верзијата со мотор од 136 коњски сили, додека посилниот модел со 154 коњски сили чини 3.000 евра повеќе. Кога ќе се пресметаат субвенциите кои ги дава германската влада за купување електрични автомобили, цената на основниот модел паѓа на 29.470 евра.

Тоа и понатаму голема сума пари, особено ако се спореди со унапредениот електричен фолксваген е-ап!, кој во Германија стартува од 21.975 евра, а нуди и поголема автономија на возење – 260 км наспроти 220 км на моделот на Хонда.

Сепак, во прилог на Хонда оди специфичниот дизајн на моделот „е“, кој успешно ги комбинира ретро елементите со модерната технологија

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе