Хонда го претстави новиот сивик седан, со посмирен дизајн и ново ниво на квалитет (ФОТО+ВИДЕО)

Хонда ја претстави 11-та генерација на сивик седан. Преполн со нова технологија, нов дигитален панел со инструменти, аудио систем Босе, и подновен изглед на надворешноста и внатрешноста, новиот сивик има задача да ја продолжи репутацијата на еден од најпродаваните модели во светот во последните 48 години.

 

Компанијата се обидела да го поедностави изгледот на новиот сивик и однадвор и одвнатре. За да го постигне тоа, Хонда се враќа на оригиналната филозофија на дизајнот поради која сивик во 70-те години беше толку голем успех: човек максимум/машина минимум.

Ова филозофија довела до „тенкиот и лесен“ дизајн на моделот, според Хонда. Тие напорно работеле да го поедностават автомобилот, со помалку дизајнерски линии, но и да го направат поквалитетен.

За да го постигнат тоа, менувале делови како на пример поместување на столбовите на основата на шофершајбната наназад. Ова ја направило хаубата подолга, давајќи ѝ покласични димензии. Острата линија која минува низ каросеријата на сивик ги поврзува предниот и задниот дел од автомобилот, завршувајќи во задните светла.

Новиот сивик има поширок заден дел, за кој од Хонда велат дека е акцентиран со истакнатите задни „рамења“ и широките ЛЕД светла. Кренатиот заден дел, пак, дава спортски изглед и помага на аеродинамиката.

Јапонската компанија вели дека сето ова придонесува кон автомобил кој не е оптоварен со тежината на непотребни дизајнерски детали, но изгледа цврсто.

Новиот ентериер, очекувано, има повеќе екрани. Сега има 10,2 инчен целосно дигитален панел со инструменти и 7-инчен централен дисплеј како стандард. Не е преголем според стандардите на индустријата, но е дефинитивно поголем од тој во моделот во заминување. За оние кои сакаат поголем екран, може да се добие и 9-инчен централен дисплеј.

За разлика од новите автомобили на кои сите команди им се на централниот дисплеј, сивикот има физички контроли за клима-уредот како и копче за јачина на звукот на аудио-системот, кој за првпат кај сивикот може да биде од Босе со 12 звучници.

Што се однесува до дизајнот на ентериерот, повторно е квалитетот во фокусот. Иако едноставна, Хонда се надева дека мрежата која се протега по целата должина на инструмент таблата изгледа чисто и премиум. Таа е главната визуелна атракција на дизајнот и ги крие отворите на вентилацијата кои „инаку би го нарушиле едноставниот и хармоничен изглед“.

Новиот сивик ќе може да се купи со два четирицилиндерски мотори, 2,0-литарски атмосферски со 160 и 1,5-литарски турбобензинец со 180 коњски сили.

Новиот сивик седан треба да почне да се продава летоска, кога ќе бидат познати и цените на моделот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе