Урбан ЕВ концепт

Хонда го освои Франкфурт со својот електричен концепт кој позајмува од минатото, но гледа кон иднината (ФОТО+ВИДЕО)

Фокусот на автомобилскиот саем во Франкфурт можеби е врз европските произведувачи на автомобили, но Хонда успеа да привлече голем дел од вниманието со својот прекрасен урбан ЕВ концепт (Honda Urban EV Concept).

 

Електричниот хечбек има самоуверени ретро дизајн и димензии, но не без модерна димензија – особено кога станува збор за погонската единица.

И покрај „олд скул“ изгледот, урбан ЕВ концепт е чисто електричен автомобил. Сѐ уште нема детали за моќноста, но го има новиот систем за менаџирање на струјата (Power Manager Concept) дизајниран да „ја чува енергијата што поефикасно, ослободувајќи енергија генерирана од обновливи извори враќајќи ја дома или продавајќи преку мрежата“.

Во автомобилот кој е нијанса пократок од хонда џез, Јапонците успеале да сместат четири седишта до кои се стигнува низ две големи „обратни“ врати.

Најинтересното за урбан ЕВ концепт е тоа што е спремен да влезе во производство, со неколку модификации, во следните година-две. „Ова не е некоја визија за далечната иднина“, изјави директорот на Хонда Такахиро Хачиго при презентацијата на концептот. „Сериската верзија на овој автомобил ќе почне да се продава тука во Европа во 2019 година“.

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе