Хјундаи официјално го претстави новиот и20 – подолг и поширок, но и понизок од претходно (ФОТО+ВИДЕО)

По првите фотографии кои, намерно или не, на почетокот на неделата стигнаа на интернет, корејската компанија ги објави и техничките детали на новиот и20.

 

Новиот и20 има целосно нов дизајн во однос не претходната генерација, за на европскиот пазар да може да се носи со многу силната конкуренција на најмалку десет модели од „Б“ сегментот.

Што се однесува до димензиите, и тие се поинакви од претходно. Така и20 сега е понзок, но и поширок за околу 30 милиметри. Вкупната должина е незначително поголема, за 5 милиметри, додека меѓуоскиното е издолжено за 10 мм.

Хјундаи соопшти дека и багажникот на новиот и20 е поголем за 25 литри во споредба со актуелната генерација на градскиот автомобил.

Големи се и промените во патничката кабина. Во поскапите пакети на опрема Хјунади на купувачите им нуди 10,25-инчна дигитална инструмент табла, покрај екранот со иста дијагонала кој го „покрива“ мултимедијалниот систем на автомобилот.

Тука се и напредни системи за помош при возење за зголемена безбедност, меѓу кои интелигентниот адаптиве темпомат кој соработува со навигацискиот систем.

Тука е и помошта за одржување на автомобилот во коловозните ленти, предупредување за мртов агол и автомобили кои доаѓаат од страна, како и напреден систем за предупредување за можен фронтален судир, со опција за детекција на пешаци на патот.

Под хаубата има два бензинци. Основниот 1,2-литарски четирицилиндерски мотор со 84 коњски сили и петбрзински менувач.

Вториот мотор е 3-цилиндерски 1,0-литарски турбобензинец со две опции на сила. Послабиот има 100 коњски сили, а помоќниот 120 и може да биде „надополнет“ со хибриден систем. Турбобензинците доаѓаат во комбинација со шестбрзински рачен или седумбрзински автоматски менувач со двојна спојка.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе