Пред дебито во Париз

Хјундаи го претстави и30 фатбек Н – „првиот спортски хечбек со пет врати во Ц сегментот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Хјундаи ги објави првите официјални фотографии и информации за новиот и30 фастбек Н, спортскиот модел со пет врати пред официјалното претставување на Парискиот автомобилски салон“.

 

Како што беше ветено, третиот Н-модел на Хјундаи беше претставен како дел од трка пд Рим до Париз. Сепак, тука има финта – трката е помеѓу две дански села кои се викаат Ром и Парис, и не се главните градови на Италија и Франција.

Со Габриеле Таркини зад воланот, на и30 фастбек Н му беа потребни 8 минути и 18,49 секунди за да стигне од едното до другото село.

Што се однесува до автомобилот, треба да знаете дека ја има истата механика од и30 Н хечбекот, со каросериски стил фастбек. Ова значи дека моторот е 2,0-литарскиот четирицилиндерски турбобензинец со 250 коњски сили во стандардната верзија, и 275 коњски сили во пожестоката верзија перформанс.

На стандардниот модел му се потребни 6,4 секунди за спринт од 0 до 100 км/ч, додека и30 фастбек Н перформанс за истиот спринт му се потребни 6,1 секунда.

Што се однесува до дизајнот, изгледа многу слично на и30 Н, освен задниот дел, нормално. Задниот дел е уникатен за овој модел и има два издуви вградени во задниот дифузер, и заден спојлер интегриран во петтата врата.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе