Најбрзиот сериски автомобил

Хенеси веном Ф5 дебитираше со 1.840 коњски сили и проектирана брзина од над 500 км/ч (ФОТО+ВИДЕО)

Битката на хиперавтомобилите се вжештува откако американската компанија Хенеси го претстави моделот веном Ф5.

 

Автомобилот е дизајниран да ја прослави 30-годишнината на марката, а наследникот на веном ГТ е наречен по Ф5 торнадата кои имаат брзини до 512 километри на час. Ова воопшто не е случајно и навестува дека автомобилот има проектирана брзина од над 500 км/ч.

За да се постигне таа импресивна бројка, автомобилот има специјално развиен 6,6-литарски V8 мотор познат како „Гнев“ (Fury). Тој е рачно направен и има блок од леено железо и алуминиумски цилиндри. Моторот е опремен и со два турбополначи кои ќе му овозможат да стане „најмоќниот мотор за сериски автомобил некогаш направен“.

Кога станува збор за бројките, моторот дава 1.842 коњски сили и има вртежен момент од 1.617 њутнметри. Поврзан е со седумбрзински полуавтоматски менувач кој ја испраќа силата на задните тркала. Ова му овозможува на автомобилот да се катапултира од 0 до 100 км/ч за помалку од три секунди и од 0 до 200 км/ч за помалку од 5 секунди.

За подобри перформанси, веном Ф5 има уникатна монокок шасија од карбонски влакна која тежи само 86 килограми. Ова му овозможува на автомобилот да тежи вкупно само 1.360 кг и да има сооднос моќ-тежина „многу подобар од кој било патнички автомобил што се продава денес“.

Иако самата максимална брзина е неверојатна, Хенеси вели дека Ф5 е дизајниран да биде комплетен спортски автомобил кој комбинира „високи нивоа на возачко задоволство“ и „сирови перформанси кои создаваат доживување без преседан“.

Поради тоа, моделот се споредува со некои од најдобри возачки автомобили во светот, вклучувајќи ги мекларен 600ЛТ и порше кајман ГТ4. Иако останува мистерија како е да се вози автомобилот, тој е опремен со пет различни модуси на возење – спорт, патека, линија, влажно и Ф5. Првите четири се прилично јасни, додека Ф5 е единствениот кој ја „отклучува максималната достапна моќ“.

Производството ќе биде ограничено на само 24 примероци и секој ќе чини најмалку 2,1 милион долари – без данок и транспорт. Првите испораки се очекуваат следната година и американската компанија има големи планови за 2021.

Конкретно, Хенеси ќе спроведе независно потврдено тестирање на максималната брзина во Кенеди вселенскиот центар на НАСА. Таму компанијата ќе ја користи пистата долга 5,2 километри, изворно дизајнирана за спејс-шатлот, за да ги тестира перформансите на Ф5.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе