Голф „осумка“ фатен немаскиран за време на снимање реклама (ФОТО)

Осмата генерација на фолксваген голф е фатена без каква било камуфлажа за време на снимање на промотивен спот за автомобилот.

Највпечатливата промена направена на задниот дел на осмата итерација на голфот се новите светла кои се поагресивни од оние на моделот во заминување. Иако фотографиите се во ниска резолуција, може да се видат и сосема нови предни светла како и изменета предна решетка поставена пониско отколку кај стариот модел.

Покрај надворешните измени, и ентериерот на новиот голф треба да биде значителен исчекор во однос на актуелниот. На пример, треба да има целосно дигитална инструмент табла и голем екран на централната конзола.

Фолксваген првично најави дека ќе го претстави осмиот голф во септември на автомобилскиот саем во Франкфурт, но промоцијата наводно е одложена за октомври, додека производството треба да почне во септември.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе