Совршен „спијач“

Голф „кец“ ГТИ со чудесни 600 коњски сили (ВИДЕО)

Ако видите фолксваген голф ГТИ од првата генерација на патиштата, едвај ќе ви привлече внимание, мислејќи дека е само уште еден голф. Меѓутоа, овој е прилично исклучителен.

Овој голф ГТИ е ѕвезда на трките во права линија во Европа во изминатите неколку години а претходно месецов се истакна на Рејс1000 во Германија. Не бил најбрзиот автомобил на настанот, но бил дефинитивно еден од најинтересните.

Нема многу информации за овој голф, но она што се знае е дека има здрави 600 коњски сили, благодарение главно на огромниот турбополнач. Тоа е луда бројка за автомобил од оваа големина и уште почудно е тоа што нема ДСГ менувач како модерен голф, туку традиционален рачен менувач.

На видеата може да видите како голфот се трка со други автомобили на настанот во Германија, меѓу кои голф Р седум, мерцедес АМГ ГТ 63С и ламборгини авентадор.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе