Голф ГТИ ТЦР – потсетување зошто го сакаме култниот хечбек на Фолксваген (ВИДЕО)

Фолксваген извади повеќе специјални изведби на седмата генерација на голф ГТИ, но реши последната да биде посветена на тркачкиот модел ТЦР кој се натпреварува во ВЛН шампионатот на издржливост и меѓународната серија ТЦР.

Не е најтврдокорниот ГТИ на голфот „седумка“, бидејќи таа титула му припаѓа на ограничениот клубспорт С, но „цивилниот“ ТЦР успева да ја искомбинира тврдата шасија со повеќе сила и уникатен изглед.

Дволитарскиот турбински четирицилиндерски мотор кој дава 290 коњски сили и со вртежен момент од 370 њутнметри доаѓа исклучиво со седумбрзински автоматски менувач со погон на предните тркала, а за спринт од 0-100 км/ч му се потребни 5,6 секунди.

Шасијата е подбрена со поголеми сопирачки, диференцијал со ограничено пролизгување, ДЦЦ суспензија која ја спушта висината за 20 милиматри, и два дополнителни ладилници за подобро ладење кога се користи на тркачка патека.

Визуелно, ГТИ ТЦР има поостар преден спојлер, нов заден дифузер и погласен титаниумски издувен систем на Акрапович, како и впечатливи лепенки. Во внатрешноста добивате две спортски седишта, класичниот ГТИ волан со црвен маркер на горниот дел, многу црвени конци и дигитална инструмент табла.

Можеби не е супер-голфот со 400 коњски сили и погон на сите тркала кој беше тестиран, но отфрлен, но ГТИ ТЦР сепак е еден од најинтересните жестоки хечбеци за возење возење по свиоци, како што открива Карфекшн.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе