Голф „двојка“ со 1.300 коњи за 800 метри стигнува до 340 км/ч (ВИДЕО)

На настанот Рејс1000 кој се одржа пред неколку недели во Германија се појавија неколку многу брзи машини, но една од нив се истакна – фолксваген голф „двојка“.

Screenshot

Точно, голф од втората генерација беше еден од највозбудливите автомобили на стартната линија.

И покрај што изгледа како добро зачуван оригинален примерок, освен големиот интеркулер зад предниот браник, големиот издув и рол-кафезот, јангтајмерот може да јаде суперавтомобили за појадок и, ако има среќа, хиперавтомобили за ужина.

Компактниот хечбек за кој станува збор има 1.300 коњски сили кои се испраќаат на сите четири тркала, или 200 коњски сили помалку од моќниот бугати широн. Безбројните модификации и огромната сила му овозможуваат да стигне до 340 километри на час за само 800 метри. Поради ова достигнување познат е како „најбрзиот фолксваген голф „двојка“ во светот“, според описот во видеото на кое може да се види во акција.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе