Голф 2 – статусниот симбол што се произведуваше во Југославија (ВИДЕО)

Во јуни 1985 година во Сараево во поранешна Југославија почна да се произведува втората генерација на фолксваген голф.

Printscreen

Во средината на 1980-тите години поранешната држава имаше силна индустрија во која се истакнуваше производството на автомобили.

Така покрај возилата на Застава во Крагуевац во Југославија се склопуваа и голем број модели на Опел, Ситроен и Рено. Вогошќа пак беше центарот на производството на Фолксваген, каде што покрај нсу принц, бубата и голфот на Фолксваген, почна да се произведува и голф 2.

Нема сомнеж дека голф „двојка“ остави неизбришлива трага, а многумина ќе се сложат дека токму поради тој модел и таа фабрика Фолксваген и ден денес има речиси култен статус на овие простори.

Фабриката за автомобили Сараево е формирана во 1970 година со учество на Фолксваген од 49 отсто. Освен спомнатите модели, таму се произведуваше и џетата, а тоа беше единствената фабрика во Европа која го произведуваше фолксваген кеди.

Војната го сопре понатамошниот развој и воведувањето на производството на голф 3, па и фабриката беше затворена во 1993 година по само неколку произведени примероци од третата генерација на голфот.

Голф 2 важеше за статусен симбол, бидејќи во тоа време беа потребни 96 просечни плати за да се поседува, додека за југо или за 101 беа потребни околу 20.

Половина од производството на голфот заминуваше на словенечкиот пазар, по околу 20 отсто во Босна и Херцеговина и Хрватска, а 10 отсто од произведените голфови се продаваа во Србија, Црна Гора и во Македонија.

Легенда под Главна слика

Printscreen

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе