Мерцедес-бенц 560 СЕЛ 6.0 АМГ

Голем мерцедес со огромен V8 под хаубата никогаш нема да престане да биде кул (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако (како мене) сте љубител на на АМГ моделите од 1980-тите (пред спојувањето), апсолутно ќе ве плени овој мерцедес-бенц 560 СЕЛ АМГ од 1989 година.

 

Понуден за продажба од страна на Сотби на аукција која треба да се одржи на крајот на јуни, овој импресивен луксузен седан со перформанси на суперавтомобил бил купен во Јапонија како нов.

Седанот има металик сив екстреиер и ентериер од црна кожа, како и оригинални троделни АМГ бандажи. Автомобилот бил пребоен во оригиналната боја.

Фасцинантниот 560 СЕЛ 6.0 ги има оргиналните мотор и менувач, кои минале низ комплетен сервис. Соодветно внимание било посветено и на амортизацијата и сопирачките.

Во времето кога беше претставен, 560 СЕЛ АМГ 6.0 беше еден од најмоќните седани на патиштата. Го има легендарниот 6,0-литарски атмосферски V8 мотор, познат како „хамер“, кој има глава четири брегасти и четири вентили по цилиндер, како и специјални глави на цилиндрите.

Благодарение на интензивните надградби од АМГ, автомобилот има 380 коњски сили на 5.500 вртежи во минута и вртежен момент од 555 њутнметри на задните тркала преку автоматски менувач. Максималниот вртежен момент беше особено значаен затоа што беше двојно повисок од фабричкиот 560 СЕЛ.

560 СЕЛ АМГ 6.0 беше еден од првите седани со четири врати кој ја проби замислената бариера од 300 км/ч, со што ја заработи титулата „кралот на аутобанот“.

Овој конкретен модел има минато 93.747 километри и е во беспрекорна состојба. На сајтот на аукциската куќа нема информации за очекуваната цена.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе