25 години на визионерскиот концепт опел макс

Годишнина од пропуштената шанса на Опел (ФОТО+ВИДЕО)

Пред 25 години Опел го претстави концептот макс (Maxx Concept) кој беше предлог за градски автомобил направен на модуларна платформа.

 

Треба да се истакне дека ова се случи на Женевскиот автомобилски саем во 1995, повеќе од три години пред Смарт да го претстави форту. Во ред, Дајмлер и Своч веќе го претставија својот микро компакт кар концепт една година пред тоа. Имајќи го тоа предвид, да погледнеме што беше толку специјално кај малечката студија на Опел.

Дизајнерско чедо на Дани Ларсен и Франк Леополд, макс беше далеку пред своето време. Со должина од само 2.975 милиметри и висина и широчина од 1.575 милиметри, концептот со две врати имаше невообичаени пропорции. На една од промотивните фотографии макс е паркиран попречно, со задниот дел кон тротоарот – случајно или не, смрт форту имаше идентична реклама три години подоцна.

И покрај минијатурниот обем, опел макс нудеше изненадувачко количество простор: во конфигурација со две седишта имаше простор за багаж отприлика со иста колемина како астра карван. Задната клупа даваше место за сместување четири луѓе – но без да остане простор за багаж.

Опел макс имаше да понуди многу повеќе покрај пакувањето. Наместо челични панели, каросеријата беше направена од алуминиум, со што се олеснуваше производството на секции со разни големини и форми. Секциите беа заварувани така за да формираат делумно видлив кафез, вклучен и во надворешниот и во внатрешниот дизајн. Мора да сте виделе барем уште еден таков микро автомобил од тогаш.

Што е уште поважно, алуминиумскиот кафез беше основата на модуларниот дизајн, нешто што сега го земаме здраво за готово. Модуларната конструкција беше клучот на макс концептот и претходник на модерните флексибилни автомобилски платформи.

Благодарение на ова, повеќе различни каросериски форми беа возможни за опел макс на истата платформа, вклучувајќи кабриолет, пикап, кросовер, комби или еден вид такси. Не беше ова „сѐ во едно“ концепт – муштеријата би одбрал кој каросериски облик го сака при нарачувањето на возилото. Сепак, купувачите би можеле да ги сменат надворешниот изглед и опремата во внатрешноста дури и по преземањето на возилото.

За толку мало и лесно возило (од 650 килограми), безбедноста беше сфатена прилично сериозно. Како додаток на алуминиумската структура со зацврстен заден дел и деформирачки преден дел, макс имаше возачко воздушно перниче и АБС сопирачки, како и резервоар меѓу задните тркала за оптимална безбедност.

Главната разлика меѓу опел макс и смарт форту е тоа што првиот имаше мотор и погон на предниот дел, додека вторио мотор и погон на задниот дел. Кога станува збор за моторот, тоа е единственото нешто од опел макс кое влезе во сериско производство.

Сѐ дотогаш, трицилиндерски мотори немаше во Европа, но атмосферскиот бензинец на макс беше одобрен за производство само 12 месеци по дебито на концептот. Ова го направи Опел првиот европски произведувач на автомобили со модерен трицилиндерски мотор спремен за производство.

1,0-литарскиот трицилиндерски бензински мотор имаше две брегасти оски над главата и четири вентили по цилиндер. Даваше 50 коњски сили на 5.000 вртежи во минута во комбинација со петбрзински секвенцијален автоматски менувач. сосема доволно за толку мал автомобил, со што макс имаше пристојни перформанси: од 0 до 100 км/ч за 12,1 секунда и максимална брзина од 151 км/ч. Што е уште поважно, малиот мотор трошеше само 3,9 литри на 100 километри при постојана брзина од 90 км/ч.

Зошто опел макс не влезе во сериско производство? Главната причина е тоа што поради алуминиумската рамка и софистицираната технологија беше прилично скап. Меѓутоа, не смее да се исклучи како фактор и тогашната компанија-сопственик на Опел, американски Џенерал моторс и нивното немање визија..

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе