Хибридниот 508 ПСЕ

Ѓоковиќ со реклама за најмоќниот модел на Пежо: „Потребна е тишина за да ве слушнат“ (ВИДЕО)

Бидејќи во целост ги поддржува вредностите на Пежо, тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ - светски рекет број еден на АТП ранг-листата, победник на Отвореното првенство во Франција во 2016 година и амбасадор на француската марка е главниот протагонист на новата рекламна кампања за 508 пежо спорт енџениерд, која почна на 30 мај, на почетокот на Отвореното првенство во Франција.

Со погон на сите четири тркала, бензински мотор и батерија на полнење за хибриден погон и 360 коњски сили, 508 пежо спорт енџениерд комбинира високи перформанси и ниски емисии на штетни гасови (46g јаглерод диоксид на километар според ЦЛТП циклусот), карактеристики кои особено му се допаѓаат на Новак Ѓоковиќ, кој е инволвиран во заштитата на околината.

„Јас сум многу горд што ја претставувам марката Пежо на мојот дрес и задоволен сум што имав чест да бидам еден од првите што го возеа 508 пежо спорт енџениерд. Како спортист и како одговорен граѓанин кој е особено внимателен околу заштитата на околината, јас со задоволство и верба ја поддржувам стратегијата за електрификација на Пежо. Исто така, особено го ценам фактот дека Пежо обезбедува мобилност за играчите на Ролан Гарос со целосно електрифицирана флота возила“, кажа Ѓоковиќ.

Темата на рекламната кампања за 508 пежо спорт енџениерд е тишината комбинирана со перформансите. Тоа покажува дека, благодарение на електричната технологија, најмоќниот сериски автомобил некогаш произведен од Пежо, може да испорача еколошки перформанси, и од аспект на бучава и емисија на штетни гасови. Тука може да се направи паралела со Новак Ѓоковиќ, кој е познат по тоа што бара молк пред да се впушти во борбата на теренот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе