Германски „љубовен триаголник“ – БМВ, Мерцедес и Ауди си го честитаа денот на вљубените (ФОТО)

Германските компании направија интересна шега на социјалната мрежа Твитер по повод денот на вљубените.

14 февруари е познат како „денот на вљубените“, а германските премиум автомобилски компании го одбележаа на прилично смешен начин.

Најпрво БМВ во свој пост го „тагна“ Мерцедес со зборовите:

„Имаме едно нешто заедничко, а тоа е дека сме најдобрите ривали во бизнисот. Многу љубов му испраќаме на нашиот пријателски расположен непријател“, напишаа Баварците на Твитер.

Мерцедес „срамежливо“ одговори и попат го „боцна“ Ауди.

„Ох, поцрвеневме. Ова не би бил однос љубов-омраза доколку нема љубов, нешто што денес го славиме. Туку, кој е Ауди?“

И тие брзо се огласија.

„Ако толку се сакате, би требало да носите прстени“, гласеше очигледната алузија на симболот на Ауди – четирите прстени.

Во овој „љубовен триаголник“ изоставен беше Фолксваген, па корисниците на социјалните мрежи се шегуваа дека Фолскваген „љубоморно лајка“.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе