„Вози го на Балкан“

Германците не знаат што да прават со 350.000 дизелаши

По скандалот на Фолксваген, сѐ повеќе европски градови воведуваат ограничувања или забрани за дизел возилата.

Тоа ги става во неповолна позиција препродавачите на половни автомобили, пренесува Дојче веле.

„До неодамна продажбата на дизелашите ми одеше одлично, а сега не можам да се отарасам од нив поради тие забрани. Еве, пасат дизел, еуро 6, речиси нов автомобил, не можам да го продадам ни за 7.000 евра најниска цена“, вели Акајган Хасан, сопственик на плац за половни автомобили во Германија.

Според податоците на германското здружение на трговци на автомобили, дизел возило старо три години, со 45.000 минати километри, губи половина од својата вредност.

Во рацете на германските трговци во моментов има околу 350.000 понови половни автомобили, со вкупна вредност од пет милијарди евра, кои не можат да најдат купувач.

„Сите ми зборуваат вози го автомобилот на Балкан, во Хрватска, Србија, има поминато 300.000 километри, а може уште толку“, кажува друг трговец.

Тоа, по сѐ изгледа, и го прават германските автодилери. Во текот на 2018 година на источниот и југоисточниот европски пазар од Германија се увезени 226.000 половни возила. Тоа е двојно повеќе во однос на 2013 година, пред скандалот на Фолксваген, кога биле извезени 142.000.

Германците сѐ помалку купуваат дизелаши поради забраните, односно ограничувањата, таканаречените еколошки зони, кои во последните неколку години беа воведени во педесетина германски градови.

На дизелите им е забрането да влегуваат во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните во иднина ќе бидат уште построги. По стапките на германските градови тргнуваат и Милано и Лондон.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе