Јангтајмери

Гаража од соништата: неверојатна колекција автомобили од 70-те, 80-те и 90-те (ВИДЕО)

Како човек што постојано ги вози најбесните светски хиперавтомобили и учествува во ГТ3 трки на места како Нирбургринг, Крис Харис од Топ гиар би можел да биде целосно незаинтересиран за секое возило вредно помалку од милион евра. Меѓутоа, како што се гледа од видеото, не е така.

Харис неодамна добил покана од аукциската куќа Сотби да ја ѕирне нивната колекција „Јангтајмер“.

Во колекцијата нема прескапи суперавтомобили, туку е оргија од М-модели на БМВ, алпини, астон мартини, поршеа и други модели од 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите. Или гаража од соништата за Харис.

Според него, моделите од овие децении му се апсолутни фаворити.

Тешкото прашање е: кога би можеле да одберете само еден автомобил од оваа колекција, кој би го избрале?

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе