Станува збор за примерок произведен во 1980 година, а поминал околу 1.000 километри.
Се наоѓа во понудата на Силверстоун аукции, а кон средината на јануари ќе биде понуден на аукција. Интересно е што првиот сопствен на автомобилот веќе имал еден голф, а овој го земал за резерва.
Голфот се покажал како фантастичен и сигурен автомобил, па замената само седела во гаража и го чекала својот ред, па така речиси новиот автомобил ја дочекал и 2020 година, а бил возен само два пати.
Првпат бил регистриран дури во 1999 година.
Останува да видиме за колку пари ќе го добие следниот сопственик.