ДС9 седан

Французите повторно имаат луксузен седан во Европа (ФОТО+ВИДЕО)

Премиум марката ДС, во сопственост на ПСА на Пежо и Ситроен, претстави нов луксузен седан на европскиот пазар.

Моделот ДС9 е поставен на механичката платформа ЕМП2 на ПСА со преден погон, истата што ја користи пежо 508.

Кинеската верзија на ДС9 дебитираше минатата година, а сега е претставена и верзијата која што ќе се продава на Стариот континент.

Автомобилот е механички базиран на пежо 508Л со продолжено меѓуоскино растојание, кој исто така се продава во Кина.

ДС9 на почетокот ќе биде достапен со плагин хибриден погонски систем составен од безинец и електромотор со вкупна комбинирана сила од 225 коњски сили.

Батеријата со капацитет од 11,9 киловат часови ќе му обезбедува автономија само на струја меѓу 40 и 50 километри, додека брзината во електричниот режим е ограничена на 135 км/ч.

Подоцна понудата на моторите ќе биде проширена со две бензински опции, со веризја со 250 коњски сили и преден погон, и врвот на понудата со 360 коњски сили и погон на сите тркала.

Првото појавување на ДС9 пред јавноста се очекува на претстојниот автомобилски саем во Женева, а продажбата на европскиот пазар почнува во втората половина на 2020. Цените сѐ уште не се објавени.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе