Форд претстави пума СТ дизајнирана од фановите (ФОТО+ВИДЕО)

Форд побара помош за дизајнирањето на специјална верзија на моќната мала пума и 275.000 фанови се одзваа. Резултатот беше претставен кога Форд ја прикажа специјалната изведба на компактниот кросовер пума СТ, во црно-златна боја, што е само еден од деталите во чиј избор преку социјалните мрежи учествуваа фановите на марката Форд.

 

Тие ги даваа своите предлози за специјалната верзија пума СТ голд едишн која ќе се најде во продажба од летоска.

Фановите гласаа и преку социјалните мрежи Твитер и Инстаграм за да изберат бројни детали и да ја создадат новата верзија на компактниот кросовер.

Тие ги бираа боите и ознаките, па оваа пума осамна во црно-златна варијанта која асоцира на онаа на Ф1 тимот Лотус, а тука се и црвените клешти на сопирачките.

И ентериерот е нивен избор, кој има карбонска инструмент-табла, златни украси, штепови и апликации на седиштата.

Механички измени нема, па пума СТ голд едишн го има 1,5-литарскиот турбобензински мотор со 200 коњски сили, кој моќта ја испраќа на предните тркала и до 100 км/ч стигнува за 6,7 секунди.

За златната пума СТ сè уште не се знае во колку примероци ќе биде произведена.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе