Форд објави мистериозни фотографии од мустанг од 1966 со централно поставен мотор (ФОТО)

Шевролет минатата година, за првпат по речиси седум децении, претстави корвета со централно поставен мотор, со што целосно ја смени концепцијата на легендарниот модел.

Иако во далечните шеесетти експериментираше со концептни автомобили со мотор сместен зад седиштето на возачот, на американската компанија ѝ беа потребни 66 години за да се одлучи за таква конфигурација во серискиот модел на корветата.

Судејќи по тукушто откриените фотографии, Форд во истиот период, поточно во 1966 година, размислувал за опција на мустанг со централно поставена погонска единица.

Форд перформанс на својот официјален сајт објави четири фотографии од овој концепт, но без приказната која би ги објаснила потеклото и судбината на возилото.

Причината? Тоа што и тие немаат повеќе информации за автомобилот, освен тоа што може да се види на фотографиите, односно дека моторот наместо напред, како кај сите мустанзи, е сместен зад седиштата на возачот и совозачот.

Покрај тоа, познато е дека фотографиите се направени во дизајнерското стуио во Дирборн, на 2 мај 1966 година.

Тоа е причината зошто Форд им се обрати на вљубениците во мустангот и на добрите познавачи на овој модел во обид да ја открие целата приказна за интересниот концепт.

Сите оние кои знаат повеќе детали за автомобилот, Форд ги повика да испратат мејл на ClubHub@ford.com. Компанијата подготви и „специјална награда“ доколку пружените информации помогнат да се пополнат празнините.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе