Форд ќе го пензионира мондео по речиси 30 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Мондеото има само уште една година живот, бидејќи Форд потврди дека неговиот „светски автомобил“ ќе биде пензиониран во 2022 година.

 

Автомобилската компанија како причини за потегот ги наведе слабата продажба и генералниот тренд на индустријата да ги згаснува седаните во полза на кросоверите.

Иако Форд има продадено повеќе од 5 милиони мондеа во Европа од претставувањето во 1993 година, и покрај тоа што се светски популарен модел, во последните години се мачи со продажбата. На пример во Британија, на врвот на неговата популарност во 2001 година Форд продал 86.500 модеа на пазарот. Минатата година успеал да продаде само 2.400.

Форд ги „унапредува потребите на нашите парници со префрлањето кон целосно електричната иднина“, соопшти компанијата. „Форд е вистински посветен за развој на својата автомобилска понуда во Европа, зајакнувајќи ги позициите со возила како куга, пума и експлорер“.

Форд неодамна најави дека сите модели во европската понуда ќе бидат електрифицирани до 2026 година и целосно електрични до 2030. Најави и инвестиција од 5,2 милиони евра во својата фабрика во шпанска Валенсија каде што се склопуваат батериите.

Иако од поодамна се знае дека мондео како седан ќе биде повлече, се очекуваше истото име да го преземе кросовер. Сепак, новиот кросовер кој Форд го тестира нема да го носи тоа име.

„Иако не коментираше шпекулации околу нашите производни планови, можеме да кажеме дека нема планови за идно мондео во Европа“, кажа портпаролот на компанијата.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе