Форд капри – 50 години на легендата (ФОТО+ВИДЕО)

Во 1969, истата година кога Нил Армстронг ја кажа славната реченица на Месечината и кога фестивалот Вудсток се запиша со златни букви во историјата на музиката, Форд го претстави моделот капри во Европа.

 

Спортското купе со пристојна цена остана во производство во следните 17 години, за време на кои од фабриката на американската компанија во Келн, Германија излегоа три генерации на моделот. Над 1,8 милиони луѓе избраа да возат капри, па набрзо стана прилично честа глетка на европските патишта, во тоа време.

Сега кога капри полни 50 години, Форд реши да ја одбележи годишнината со носталгично патување на моделот РС2600. Клучевите ги доби новинарот Стив Сатклиф кој помина повеќе од 700 километри за време на седумдневното снимање.

„Капри беше автомобилот кој му овозможи на обичниот човек да го живее својот сон“, вели Сатклиф. „Ви даваше убаво чувство кога ќе се најдевте зад неговиот волан, како што прави и денес. На крајот, сѐ се сведуваше на чистото задоволство од возење нешто малку поинакво“.

Форд капри се произведуваше до 1986 година.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе