Форд ја претстави освежената фиеста (ФОТО+ВИДЕО)

Популарниот градски автомобил е редизајниран и подновен на половината на животниот век на оваа генерација за да го задржи чекорот во врвот на продажбата во Б сегментот. Првите испораки на купувачите почнуваат на почетокот на следната година, а цената ќе биде нешто повисока од сегашната.

 

Визуелните корекции на фиестата вклучуваат поинаква предна маска, како и подновени ЛЕД светла и браници. Освен тоа, некои верзии ќе добијат и алуминиумски тркала со нов дизајн, а тука е широката палета на бои.

Во внатрешноста има нов мултимедијален систем и 12,3-инчна дигитална инструмент-табла.

Еднолитарскиот екобуст трицилиндерски мотор е достапен со 125 или 155 коњски сили, заедно со интегриран стартер генератор кој дава повисок вртежен момент при забрзувањата. Благиот хибрид е стандардно во комбинација со шестбрзински рачен менувач, додека послабата верзија е може да се добие и со седумбрзински автоматски менувач.

Единствениот конвенционален мотор е бензинецот со 100 коњски сили кој доаѓа само со рачен менувач. Врвот на понудата е фиеста СТ, чиј 1,5-литарски бензинец е унапреден за максималниот вртежен момент да се зголеми од 290 на 320 њутнметри, додека силата остана иста – 200 коњски сили.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе