Со 2,3-литарски екобуст мотор

Форд го претстави новиот фокус СТ со 280 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Форд ја претстави спортската, СТ верзија на новиот фокус кој ќе може да се купи и со бензински и со дизел мотор.

 

Новиот фокус официјално е претставен денес, откако минатата есен „шпионски“ фотографии на немаскираниот автомобил го открија изгледот на надворешноста на овој модел.

Бидејќи дизајнот не беше тајна, новост е воведувањето на четирицилиндерскиот 2,3-литарски екобуст бензинец кој го змаени претходниот 2,0-литарски бензински мотор.

Новиот мотор произведува 280 коњски сили на 5.500 вртежи во минута и има вртежен момент од 420 њутнметри. Како што пресметале во Форд, тоа е зголемување на силата од 12 отсто и на вртежниот момент од 17 отсто во споредба со претходната генерација погонувана од дволитарскиот мотор.

Компанијата наведува и дека на новиот фокус СТ за спринт од 0 до 100 км/ч му се потребни помалку од 6 секунди, не прецизирајќи го точното време.

За првпат форд фокус СТ е опремен со електронски диференцијал со ограничено пролизгување кој обезбедува подобар контакт со подлогата и стабилност на автомобилот, а возачот може да одбере еден од режимите на возење меѓу кои и „спортски“ и „тркачки“ модус.

За купувачите кои повеќе ги сакаат дизелашите Форд нуди и верзија до чеитирцилиндерски 2,0-литарски екоблу турбо. Овој мотор дава 190 коњски сили на 3.500 вртежи во минута.

Двата мотори стандардно доаѓаат со шестбрзински рачен менувач или опциска седумбрзинска автоматика.

Новиот фокус СТ своето деби пред јавноста ќе го има на претстојниот саем на автомобили во Женева, а ќе биде достапен во хечбек верзија со 5 врати и во карван верзија. Продажбата во Европа почнува летоска, а цените сѐ уште не се соопштени.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе