Фолксваген W12 концепт – суперавтомобилот кој никогаш не стигна до фабричките ленти (ФОТО+ВИДЕО)

На преминот меѓу двата века, германскиот автомобилски гигант направи три концепти на суперавтомобил со моќен W12 мотор.

 

Меѓу бројните концепти кои излегоа од дизајнерската работилница од Волфсбург, а не прераснаа во сериски верзии, се издвојува W12 концептот.

Во периодот од средината на 1990-тите па до почетокот на 21 век, Фолскваген работеше на суперспортски автомобил. Првиот концепт кој настана како плод на овој проект беше направен во 1997 во соработка со италијанската компанија Италдизајн.

Задачата на проектот беше да се изгради каросерија на суперспортско купе во кое ќе може да се вгради централно поставен W12 мотор, а погонот да биде на сите четири тркала.

Овој автомобил ја носеше ознаката „синхро“ и беше обоен во атрактивна жолта боја, а премиерата ја имаше на Токискиот саем на автомобили во 1997. W12 моторот фаваше 419 коњски сили.

Тоа беше само почетокот, имајќи предвид дека една година подоцна на Женевскиот автомобилски салон се појави W12 родстер, верзијата без покрив. За погон беше употребен истиот 5,6-литарски W12 со 419 „коњи“.

До следниот W12 концепт се чекаше три години.

Токискиот саем на автомобили во 2001 беше домаќин на премиерата на концептот во портокалова нијанса кој овојпат ја носеше ознаката W12 Нардо, по славната тест-патека во Италија.

Овојпат 5,6-литарскиот W12 на Фолксваген со 4 турбополначи произведуваше дури 598 коњски сили. концептот W12 Нардо беше во состојба од место до 100 км/ч да стигне за само 3,5 секунди, додека максималната брзина изнесуваше 357 километри на час.

Иако Фолксваген подоцна ги претстави сериските модели фаетон и туарег со W12 мотор, ниту еден од суперспортските концепти W12 не доби своја сериска верзија.

Фолксваген официјално не ни ветуваше такво нешто, со тврдења дека овие концепти се направени со цел во нив да се тестираат W12 моторите кои подоцна ќе се користат во други сериски модели на германската компанија.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе