Фолксваген владее со Европа, но и со светот

Нема повеќе дилеми околу тоа кој е првиот светски произведувач на автомобили по соопштението на Тојота дека во минатата година продала 10,59 милиони возила во целиот свет.

Најмногу автомобили во 2019 година во светот продала германската групација Фолксваген. Дилеми околу тоа дали големиот ривал Тојота можеби бил подобар повеќе нема, имајќи предвид дека јапонската компанија официјално објави дека во минатата година продал 10,59 милиони возила.

Бидејќи Фолксваген претходно соопшти дека испорачал 10,83 милиони возила, јасно е дека во 2019 го надминал својот најголем конкурент. И не само него.

Фолксваген групацијата била поуспешна и од алијансата Рено-Нисан, која минатата година вкупно продала 10,75 милиони возила, што значи дека и таа ја надминала Тојота и ја заземала втората позиција.

Нисан во 2019 испорачал 5,65 милиони автомобили, Рено 3,9, а третиот поголем произведувач во рамки на алијансата – Мицубиши, придонел во вкупната продажба со 1,2 милиони возила.

Американски Џенерал моторс (ГМ) повеќе од седум децении беше шампионот според продажбата на возила во светот, пред Тојота да го симне од тронот во 2008 година. продажбата на ГМ во последните години се намали, па комапнијата од Детроит со околу 9 милиони продадени возила годишно повеќе не е вистински учесник во оваа трка.

Интересно е што минатогодишната продажба на Тојота е зголемена за 2,0 отсто во однос на 2018, додека таа на Нисан паднала за речиси 3 отсто. Мицубиши бележи раст на продажбата од дури 18 отсто на годишно ниво, а Рено речиси 3 отсто.

Компанијата Нисан, вториот најголем произведувач на автомобили во Јапонија, минатата година ја тресеше скандал поврзан со апсењето на извршниот директор Карлос Гон, кој е обвинет за финансиски малверзации

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе