Фолксваген тип 4: пазарниот неуспех од кој беше научена важна лекција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Германската компанија имаше големи очекувања од моделот тип 4 (411/412) кој беше базиран на легендарната буба. Сепак, купувачите не се согласија.

 

Фолксваген тип 4 беше лансиран во 1968, по големиот комерцијален успех на моделите тип 1 (или бубата) и тип 2 (комбито познато како микробус или транспортер).

Автомобилот механички беше базиран на бубата, што значи дека имаше мотор со воздушно ладење во задниот дел, а силата се пренесуваше на задните тркала.

За разлика од бубата, чиј дизајн не се менуваше суштински од нејзиното создавање пред Втората светска војна, тип 4 имаше посовремена каросерија, со попространа и поудобна патничка кабона.

На почетокот се произиведуваше во верзии со 2 и 4 врати (првиот модел на Фолксваген со 4 врати), а за да биде поудобен во возењето имаше независна амортизација.

Го придвижуваше 4-цилиндерски „боксер“ моторт со зафатнина од 1.679 кубици, кој произведуваше 76 коњски сили и 126 њутнметри вртежен момент достапни од 3.300 вртежи.

Моторот беше поврзан со 4-брзински рачен менувач или со 3-брзински автоматски.

Фолксваген се фалеше дека тип 4 е исклучително безбеден благодарение на иновативните зони на гужвање на предниот и задниот дел на каросеријата, кои ја амортизираат силата на ударот во случај на судир, како и на столбот на воланот кој во случај на удар се преклопува за да не го повреди возачот.

И покрај сите овие карактеристики и фактот што беше заснован на бубата, моделот кој го прослави Фолксваген низ светот, тип 4 потфрли со продажбата.

Првата година беа испорачани само 20.000 возила, а следната, 1969, беа продадени 48.000 примероци.

За да привлече повеќе купувачи, Волксваген ја прошири понудата со карван верзија со 3 врати, но и тоа не помогна.

Тип 4 беше редизајниран во 1972, а во 1973 доби посилен мотор, но Фолксваген сепак беше принуден да го прекине производството на овој модел една година подоцна.

Компанијата сепак извлече поука од овој неуспех.

Така следниот модел К70 (кој настана благодарение на преземањето на компанијата НСУ која го разви), имаше значително помодерни технолошки решенија, како напред поставен мотор со водено ладење и преден погон, но и посовремен дизајн.

Фолксваген К70 е значаен по тоа што му го отвори патот на пасатот, кој се појави во 1972 и кој стана еден од најдолговечните и најпродавани модели во историјата на компанијата.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе