Фолксваген тестира електричен хечбек на Арктикот (ФОТО)

Хечбекот И.Д. ќе биде првиот автомобил од новото целосно електрично семејство на Фолксваген, а производството ќе почне на есен.

Не треба да се истакнува дека германскиот гигант има огромни очекувања од моделот со големина на голф, кој најверојатно ќе се вика нео.

Фолксваген ги фрли сите карти на електрификацијата на автомобилите по Дизелгејт скандалот и вложи 80 милијарди евра во технологијата и батериите.

Токму овој хечбек ќе ја предводи оваа транизиција во најголемата стратегиска промена во рамки на Фолксваген групацијата во 80-годишното постоење.

Во последните месеци беа откриени доста податоци за И.Д. хечбекот, а последната информација се шпионските фотографии од тестирањето во екстремни услови.

Неколку дена откако ниските температури во САД укажаа на слабоста на капацитетот на батериите на електричните автомобили во такви услови, Фолксваген го испрати својот нов адут во близина на арктичкиот круг.

Фотографиите издаваат речиси моноволуменски дизајн на автомобилот, што значи дека ќе има попросторна внатрешност од голфот.

Се очекува И.Д. (нео) да има електромотор со сила од 170 коњски сили со погон на предната оска, а автономијата треба да изнесува речиси 500 километри меѓу две полнења, барем со поголемата батерија од 11 киловат часови.

Поевтината варијанта со помала батерија од 45 киловат часови би требало да има радиус од околу 330 километри со едно полнење, а Фолксваген најавува дека за 80 отсто од капацитетот ќе бидат потребни 30 минути полнење.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе