Фолксваген се збогува со „бубата“ на легендарната трка Миле миља

Фолксваген пријави две класични „буби“ во годинешната трка Миле миља. „Најубавата трка“, како што често е нарекувана, е одбрана од страна на германската компанија за збогување со култниот модел, бидејќи последнот примерок ќе се симне од фабричките ленти летоска.

Поврзаноста на Фолксваген со Миле миља оди наназад до 1950-тите, кога „бубите“ кои натпреварувале се прославиле победувајќи ги многу помоќните ривали.

„Дапферл“, „буба“ од 1948 година модифицирана со делови од порше 356, со Пол Ернст Штрале зад воланот во 1954 година победила во класата на автомобили со мотори до 1.300 кубни сантиметри, а добила и бронзен медал во класата до 1.500 „кубици“.

Историскиот „Дапферл“ има своја реплика во годинешното издание. „бубата“ од 1951 година има различни делови од Порше и мотор со 60 коњски сили. Вториот автомобил е автентична реплика на „Овали бубата“ од 1956 година, направена е од Фолксваген класик и има порше мотор со 75 коњски сили.

За да учествуваат во историскиот настан, сите автомобили мора да учествувале во Миле миља меѓу 1927 и 1957 година, и сите делови мора да бидат верни на оригиналот.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе