„Значителна предност“ пред електричните возила

Фолксваген се пофали со „голем напредок“ во технологијата со водородни ќелии

Фолксваген групацијата инвестира милијарди во електричните возила како ауди е-трон, порше тајкан и фолксваген ај-ди. Поради оваа огромна инвестиција малку е чудно тоа што компанијата призна дека технологијата со водородни ќелии има „огромен потенцијал“ за мобилност без издувни гасови и нуди „значителна предност“ пред електричните возила.

Таа предност е особено голема кога ќе дојде време да се дополни горивото/струјата. Додека за електричните возила се потребни часови за полнење, на возилата на погон на водородни ќелии се потребни неколку минути.

Нормално, и технологијата со водородни ќелии има свои мани и Фолскваген истакнува дека „цената на чинење сѐ уште е повисока“. Меѓутоа, германската компанија работи на намалување на цените во соработка со универзитетот Стенфорд.

Партнерството веќе вродува со плод бидејќи се развива процес во кој „атомите на платината се прецизно поставени на карбонска површина за да се произведат екстремно тенки честички“. Ова можеби не звучи многу возбудливо за лаиците, но Фолксваген тврди дека процесот го редуцира потребното количество платина, ја зголемува долговечноста на катализаторот и „ја зголемува ефикасноста на катализаторот за рипати во споредба со актуелната технологија“.

Сето ова е прилично техничко, но на водородните ќелии им е потребна платина како катализатор. Меѓутоа, моменталните процеси не се доволно ефикасни и голем дел од платината залудно се троши. Како резултат, возилата на водородни ќелии чинат значително повеќе од нивните високотиражни ривали.

„Технологијата отвора неверојатно можности за намалување на цената, бидејќи се минимизира количеството на употребен скапоцен метал. Во исто време, сервисниот рок и перформансите на катализаторот се зголемуваат“, цели професорот Фридрих Принц од Стенфорд.

И покрај пробивот, Фолксваген предупредува дека истражувачите допрва треба да го доведат новиот процес до производство на индустриско ниво. Меѓутоа, германската компанија истакна дека потенцијалното намалување на трошоците може да ги направи водородните ќелии „реална алтернатива на батериските погони и класичните мотори со внатрешно согорување“.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе