Фолксваген се извини поради расистичка реклама за голфот (ВИДЕО)

Германската компанија ја повлече од социјалните мрежи рекламата за моделот голф и објави извинување поради жестоките критики и тврдења дека снимката е расистичка.

Снимката трае десетина секунди и е направена за промоција на новата, осма генерација на голфот.

На снимката се гледа огромна бела рака како турка црномурест маж од автомобилот и потоа го носи, држејќи го за главата, до отворена врата и го турка во кафич.

Гледачите забележале и дека буквите во рекламата се појавуваат така што изгледа дека прикажуваат навредлив збор за луѓето со обоена кожа на германски јазик.

Други укажуваат дека е навредлив и насловот на зградата во која исчезнува човекот, „Петит колон“, што ги потсетува на колонијализмот.

По реакциите на корисниците на социјалните мрежи, управата на германскиот автомобилски џин објави извинување.

„Без сомнеж, видеото е несоодветно и невкусно“, се наведува во соопштението на концернот од Волфсбург.

„Сигурно ќе истражиме као вакво нешто можело да се случи и сигурно ќе има последици“.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе