Фолксваген продава по еден нов голф на секои 41 секунда веќе 45 години (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фолксваген слави 45 години од почетокот на производството на голфот, со 35 милиони продадени примероци во целиот свет, со што овој модел е најпродаваниот на германската компанија.

 

На 29 март 1974 година, во фабриката на Фолксваген во Волфсбург почна производството на првата генерација на голфот, кој беше замислен како замена за култната буба. На 8 јули истата година оригиналниот голф пристигна во салоните на VW. Моделот стана инстанен продажен хит и само две години подоцна, во октомври 1976, компанијата го продаде милионитиот примерок.

Фолксваген соопшти дека, во просек, некој купува еден нов голф секои 41 секунда, секој ден, непрекинато, цели 45 години.

„Голфот е срцето на нашата марка. Тој симболизира напредок и технологија како ниеден друг автомобил. На пример, голфот за првпат ја направи безбедносната технологија достапна за милиони луѓе. Благодарение на ова, тој го остави својот печат врз цела една генерација“, изјави Ралф Брандштетлер, шефот на операции на Фолксваген.

„Со своите седум генерации голфот придонесе на развојот на Фолксваген како марка и како групација – и го направи еден од најважните произведувачи на автомобили во светот“.

Оригиналниот голф беше претставен со три и пет врати, нудејќи место за пет патници и преклоплива задна клупа. Понудата на мотори на почетокот имаше две опции: основиот 1,1-литарски четирицилиндерски со 50 коњски сили и 1,5-литарски четирицилиндерски со 70 коњски сили. сериски доаѓаше четирибрзински рачен менувач, а можеше да се нарача и трибрзински автоматски менувач.

Годинава Фолксваген се подготвува да ја претстави осмата генерација на голфот, која веќе беше забележана на јавните патишта речиси без камуфлажа. Според најавите новиот голф ќе биде прикажан на специјален настан неколку недели по автомобилскиот саем во Франкфурт во септември, а ќе има сосема нов дигитален кокпит и полуавтономни системи за помош во возењето.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе