Фолксваген потврди – голф 8 не доаѓа во Франкфурт

Иако неофицијално веќе се знаеше дека најпродаваниот модел на Фолксваген нема да ја има својата премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт (од 12-22 септември), обожавателите потајно се надеваа дека компанијата од Волфсбург би можела да се предомисли во последен момент.

Информацијата дека голф 8 ќе го скокне најголемиот европски саемски настан во втората половина од годината доаѓа директно од Фолскваген. Портпаролот на германскиот автомобилски гигант кажа дека новиот голф нема да го има на штандот на Фолскваген во Франкфурт, туку ќе ѝ биде претставен на јавноста наскоро, на друг настан.

Наместо осмата генерација на голфот, во центарот на настапот на Фолксваген на франкфуртскиот саем ќе биде премиерата на првиот модел на оваа марка со исклучиво електричен погон – компактниот хечбек ИД.3.

Што се однесува до новиот голф, новиот веројатен датум на претставувањето е во октомври.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе