Тизер

Фолксваген поло ГТИ го покажа спортското лице пред премиерата во јуни (ФОТО)

Речиси три недели пред претставувањето на подновеното поло, Фолксваген го објави првиот официјален тизер на поло ГТИ за 2021.

Жестоката верзија на градскиот автомобил ќе биде врвот на понудата кога ќе биде претставен моделот на крајот на јуни. Ќе го следи традиционалниот рецепт, со „преден погон со голем вртежен момент, спортска шасија нагодена за динамика и експресивен дизајн“, соопшти германската компанија, што ќе му помогне „да се истакне во толпата“.

На официјалната скица објавена од Фолксваген се гледа дека дизајнот на полото е инспириран од голф ГТИ. Има различна „шара“ од обичните верзии, со црвена лајсна на долниот дел и ГТИ амблемот на десната страна, како и браник со магленки од двете страни на централниот отвор за воздух. ГТИ логото го има и на предните крила, праговите изгледаат поголеми и спојлерот на покривот изгледа нијанса поголем.

Допрва треба да биде покажан ентериерот, но знаеме што може да се очекува: предни седишта со дополнителна странична поддршка и кариран тапацир, ГТИ логото на воланот и менувачот, а веројатно и нова графика на инструмент таблата и централниот дисплеј.

Ветувајќи поспортски перформанси во според со остатокот од семејство, новото поло ГТИ најверојатно ќе има потврда и пониска амортизација и поголеми сопирачки. Најверојатно ќе остане 2,0-литарскиот турбобензинец од актуелната генерација. Моторот дава 200 коњски сили со вртежен момент од 320 њутнметри, доволно за спринт од 0 до 100 км/ч за 6,7 секунди и максимална брзина од 237 км/ч.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе