Фолксваген купил доволно батерии за да произведе 50 милиони електрични возила

Фолксваген веќе најави дека има големи планови со своето семејство електрични возила, но има уште понови и повозбудливи вести за љубителите на автомобилите на струја.

Според директорот на Фолксваген групацијата Херберт Диес, компанијата е спремна да се справи со производство на 50 милиони електрични возила. Шефот кажа дека автомобилската платформа МЕБ веќе е „резервирана“ за 50 милиони автомобили. Тој додаде дека и набаката на батерии веќе е договорена за да се покрие импресивната бројка.

„Купивме батерии за 50 милиони возила“, изјави Диес за германскиот магазин Аутомобилвохе. Тоа е вџашувачка бројка ако се има предвид дека целата Фолксваген групација минатата година продаде 10,7 милиони возила.

„Ќе имаме многу силно портфолио што се однесува до електричните автомобили“, додаде Диес. Тој истакна дека Фолксваген сака да ја „нападне“ Тесла со агресивна стратегија за цените. „Ние ќе бидеме поевтини од Тесла, а ќе можеме и да произведуваме повеќе автомобили“.

50-те милиони електрични возила кои ги најави Диес претставуваат теоретска долгорочна цел за МЕБ платформата на Фолксваген за електрични возила, објасни портпаролот на компанијата. Слично на тоа, актуелната платформа ем-кју-би е продадена во 50 милиони примероци низ повеќето марки на групацијата и низ повеќе години на продажба. Повеќето од овие продажби биле на возила со мотори со внатрешно согорување.

Минатата недела се појавија информации дека Фолксваген планира да понуди електричен автомобил по цена од само 20.000 евра.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе