Фолксваген ќе го укине пасатот во Европа во 2023 година?

Според извори од компанијата запознаени со плановите, Фолксваген ќе го укине пасатот не само во САД туку и во Европа, за да се фокусира на електричните автомобили и кросоверите.

Германската компанија планира да го зачува само пасат карван откако ќе биде претставена новата генерација на моделот при крајот на 2023 година, јавува Аутоњуз Европа. Карван верзијата ќе продолжи да се продава на пазари како Германија.

Сепак, мора да предупредиме дека ова е повеќе гласина отколку вест, иако се цитираат неименувани извори. Проблемот е во тоа што пасатот останува најпродаваниот непремиум седан од средната класа, со продадени 88.478 примероци досега оваа година. Пасатот е и наградувано име, а минатата година ја освои титулата „најдобар службен автомобил за 2019“.

Многу пологична е одлуката пасатот да се укине во САД – пред сè поради само 16.190 примероци продадени во првите три квартали од 2020. Неговото укинување во Европа, откако беше најавено селење на производството во Братислава, нема многу логика, па дури и ако станува збор само за седан верзијата.

Сепак, друг извор од Фолксваген тврди дека со елиминирањето на пасатот групацијата ќе го реши внатрешното ривалство меѓу марката Фолксваген и Шкода, и супербот конечно ќе може да владее во средната класа во централна и источна Европа.

Во моментов, Фолксваген го произведува европскиот пасат во Емден, Германија, локација која наскоро ќе биде користена ексклузивно за производство на електрични возила, вклучувајќи ги кросоверот ИД. 4 и електричниот седан од средната класа со код Аеро Б.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе