Фолксваген ќе го менува логото, оди на помодерно решение

Фолксваген со две раце ја прифати електрификацијата и ќе направи важен чекор во иднината со лансирањето на под-брендот Ај-ди (ID). Меѓутоа, во обид што повеќе да се дистанцира од скандалот со лажирањето на издувните гасови, реши да го смени и логото.

Новото лого треба да биде откриено на автомобилскиот саем во Франкфурт годинава, а ќе го симболизира новиот дизајн на компанијата и ќе биде презентирано под слоганот „Новиот Фолскваген“. Логото треба да биде „похрабро и поживописно“, со дводимензионален дизајн, соопшти компанијата без да дава повеќе детали. Сепак, се подразбира дека ќе ги вклучува буквите „V“ и „W“ на сличен и препознатлив начин.

„Фолксваген презема и прифати храбри одлуки во речиси сите области од активностите. Обемното ребрендирање е логичната последица на стратегиската реориентација на нашата марка“, изјави Јурген Стакман, еден од високите функционери на компанијата. „Многу сум горд на она што го постигнавме: „Новиот Фолксваген“ се претставува моќно, свежи, позитивно и привлечно“.

Заедно со новото лого, Фолксваген во Франкфурт ќе го претстави и новиот електричен хечбек ај-ди 3.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе