Фолксваген има ново лого – ретро и звучно (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген на автомобилскиот саем во Франкфурт покрај премиерата на исклучително важниот електричен модел ИД.3 го промовираше и новото лого на компанијата.

Новиот амблем на германската компанија претставува поедноставена верзија на познатото VW лого, во ретро стил. Додека на претходните неколку верзии се инсистираше на тродимензионален ефект и посветла сина нијанса, новото лого е визуелно дводимензионално и поставено на темно сина заднина.

Компанијата од Волфсбург го смени логото во момент кога го претставува првиот модел конструиран исклучиво како возило на електричен погон и најави „електрична офанзива“ во следните пет години.

Фолксваген претстави и таканаречено „звучно лого“ за прв пат. Компанијата соопшти дека ова „ќе ја направи марката Фолксваген исклучителна во акустична смисла, и во возилата и во комуникациите“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе