Средба на генерации

Фолксваген игра на носталгија со оригиналниот голф ГТИ во рекламата за новата генерација (ВИДЕО)

Неколку дена по светската премиера на спортската верзија на голф осум, Фолксваген ја објави првата реклама за новиот модел.

Ова им даде прилика вљубеници во голф ГТИ да се присетат на оригиналниот модел од 1976 година.

Иако за денешни прилики имаше скромни 110 коњски сили со вртежен момент од 140 њутнметри, автомобилот со само 810 килограми во тоа време беше прилично жесток. Забрзуваше од 0-100 км/ч за 9,2 секунди и имаше максимална брзина од 182 км/ч.

Од другата страна новиот голф ГТИ е олицетворение на најсовремените технолошки достигнувања од Волфсбург.

Под хаубата има 2,0-литарски турбобензинец со 245 коњски сили и вртежен момент од 370 њутнметри, а податоците за перформансите допрва треба да бидат објавени.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе