Фолксваген ИД.4 прогласен за Светски автомобил на годината (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Електричниот кросовер ИД.4 на Фолксваген е прогласен за Светски автомобил на годината за 2021. Ова е петти модел на германската компанија кој ја добива престижната награда, победувајќи ги тојота јарис и хонда е.

 

Фолксваген е очигледно задоволен од победата и Томас Улбрих, член на развојниот одбор на Фолксваген, истакна: „наградата Светски автомобил на годината е одличен успех за целиот наш ИД. тим. Успеавме да развиеме автомобил кој ја почна системската промена во е-мобилноста во најзначајниот сегмент во светот – компактните кросовери и нуди одлучна секојдневна практичност“.

Мерцедес С-класа е прогласен за Светски луксузен автомобил за 2021. Ова не изненадува премногу, а лимузината ги победи ленд ровер дифендер  и полстар 2.

Титулата Светски спортски автомобил ја доби порше 911 турбо. Ниту ова не е некој шок, но интересно е што тојота ГР јарис беше еден од финалистите заедно со ауди РС Кју8.

Јарис на Тојота изгуби во три категории бидејќи хонда е беше прогласен за Светски урбан автомобил за 2021.

И на крај, ленд ровер дифендер ја понесе наградата Светски автомобилски дизајн на годината. Победата во оваа категорија ја оствари пред хонда е и мазда емикс-30, и не може да му се оспори резултатот дека новиот модел го задржува духот на претходникот иако успева да биде целосно модерен.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе