Голф Р

Фолксваген го претстави најмоќниот сериски голф досега со речиси 320 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Фолксваген голф Р веќе има култно обожавање, а љубителите сега добија подарок бидејќи новиот модел е уште поспортски и помоќен од претходникот.

 

Под хаубата новиот голф Р има турбобензински 2,0-литарски мотор кој дава 319 коњски сили. тоа е зголемување за 27 коњски сили во според ба со претходникот.

Чудно е тоа што новиот најбрз голеф во Европа ќе се нуди само со седумбрзински ДСГ автоматски менувач, додека во Северна Америка основната верзија ќе биде шестбрзинскиот мануелен менувач, а ДСГ со двојна спојка опција. Европејците нема рачен менувач.

Сите верзии ќе бидат опремени со спортски ориентиран погон на сите четири тркала со торк векторинг. Фолксваген тврди дека помага да се елиминира подправувањето и да се намали радиусот на вртење во свиоци, правејќи го моделот „забележливо поагилен“.

Благодарение на сето ова, голф Р забрзува од 0-100 км/ч за 4,7 секунди, а крајната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.

Спортските измени продолжуваат и надвор од просторот за моторот бидејќи голф Р има потврда спортска амортизација. Додадена е и лесна алумниумска подрамка и зголемена е негативната закосеност на предната оска за поголеми брзини во свиоците и зголемена стабилност. Измените помагаат и во изгледот бидејќи голф Р е понизок за 20 милиметри од стандардниот модел.

Покрај овие измени, моделот има електронска блокада на диференцијалот и систем на воланот со варијабилен сооднос. Возачот може да одбира меѓу шест различни модуси на возење, вклучувајќи комфорт, спорт, рејс и индивиџуал.

Тука се и двете нови поставки наречени спешал и дрифт. Модусот спешал е оптимизиран за Нирбургринг и има помека амортизацја од модусот рејс за да „се задржи максималниот контакт со подлогата“.

Модусот дрифт, пак, му овозможува на автомобилот да... дрифта. Тоа го прави со менување на параметрите на системот за контрола за електронската стабилност и оптимизирање на дистрибуцијата на силата на системот за погон на сите тркала.

Покрај перформансите, голф Р има поспортски преден браник и оригинални отвори за воздух. Моделот има и уникатна предна решетка со сина попречна лента која е осветлена кога работи моторот.

На задниот дел е спортскиот заден браник со дифузер и издувен систем на Акраповиќ со четири цевки.

Новиот фолксваген голф Р ќе почне да се продава „подоцна годинава“, а тогаш ќе биде позната и цената.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе