Поло на стероиди

Фолксваген го претстави најмалиот кросовер нивус (ФОТО+ВИДЕО)

Германскиот џин Фолксваген ја збогати својата понуда со најмалиот кросовер модел со назив нивус.

 

Интересно е што моделот е наменет за пазарот на Јужна Америка, а од 2021 година ќе можеме да го купиме и во Европа.

Нивус е поставен на платформата ем-кју-би А0, а бразилските сајтови наведуваат дека автомобилот е долг 4.266 милиметри и дека има меѓуоскино растојание од 2.566 милиметри.

За почеток во Бразил ќе се нуди со 1,0-литарскиот трицилиндерски мотор со 115 коњски сили (односно 128 КС на етанол), а ќе биде достапен со 6-брзински автоматски менувач. погон на сите четири тркала најверојатно ќе нема.

Во Европа се очекува во понудата да бидат бензинците 1.0 и 1.5 ТСИ, како и дизелашот 1.6 ТДИ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе