Што се однесува до дизајнот, ИД.7 изгледа многу слично на ИД.аеро концептот од јуни 2022, задржувајќи ја аеродинамичната силуета иако некои детали се „смирени“ на серискиот модел. Ова значи поедноставни ЛЕД светла, поголеми надворешни ретровизори, нешто поинакви браници, и помали тркала.
Специјалната камуфлажа на Фолксваген за ИД.7 создава светлосни ефекти во различни бои, со графика инспирирана од кју-ар кодовите.
За среќа, внатрешноста е целосно откриена, прикажувајќи го конечниот сериски дизајн сосе 15-инчниот централен дисплеј чувствителен на допир и малата дигитална инструмент-табла зад воланот.
Германската компанија го опишува моделот како „ефикасен електричен седан со голем радиус“, најавувајќи проценет радиус со едно полнење до 700 километри.
ИД.7 ќе се продава на три континенти – во Европа, Азија и Северна Америка. Официјалната премиера се очекува во второто тромесечје од 2023 година. Моделите за европскиот пазар ќе се произведуваат во фабриката во Емден во Германија заедно со ИД.4. Електричниот седан ќе биде шестиот модел од ИД семејството, и еден од десетте електрични модели кои Фолксваген ќе ги претстави до 2026 година.