Фолксваген го претстави голф ТГИ кој може да помине 400 км на природен гас

Најекономичниот нов фолксваген голф кој Европејците можат да го купат ја носи зонаката ТГИ и користи компресиран природен гас, односно ЦНГ.

Фолксваген групацијата има голем број модели кои ги произведуваат Шкода, Ауди и Сеат, а сега претставија и сопствен модел со погон на природен гас, со технологија позајмена од новата шкода октавија Г-тек.

Тоа значи дека под хаубата има 1,5-литарски турбобензинец кој развива 131 коњска сила со вртежен момент од 200 њутнметри, истиот четирицилиндерски мотор неодамна претставен во ауди А3 Г-трон.

Ова не е класичен мотор со директно вбризгување на горивото и модифициран систем на проток, туку мотор кој го користи Милеров циклус на согорување кој почесто се применува кај автомобилите кои користат природен гас.

Процесот создава многу ниска емисија на јаглерод диоксид и има многу висока ефикасност, а резервоарот собира 115 литри ЦНГ со кои автомобилот може да помине околу 400 километри.

Голф ТГИ троши меѓу 4,1 и 4,3 килограми природен гас на 100 километри. Фолксваген веќе прима нарачки, а најавен е и карван.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе