На 45-годишнината на моделот ГТИ

Фолксваген го претстави голф ГТИ клубспорт 45 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фолксваген официјално го претстави новиот голф ГТИ клубспорт 45, како специјална серија за одбележување на 45 години од претставувањето на оригиналниот голф ГТИ, летото 1976 година.

 

Фотографиите од специјалното издание на голф ГТИ се појавија онлајн пред неколку дена, но сега се објавени сите информации.

Базиран на фолксваген голф ГТИ клубспорт, новата специјална серија „клабспорт 45“ има уникатен изглед кој вклучува црн покрив и соодветен спојлер на него, ексклузивниот рејс пакет, како и 19-инчни тркала со црна боја и црвена лента. Има и соодветни ознаки „45“.

Рејс пакетот вклучува спортски издувен систем и не го вклучува електронското ограничување на максималната брзина на 250 км/ч. Новиот голф ГТИ клубспорт 45 има сериски матрикс ЛЕД предни светла со црвена лента.

Под каросеријата сè останува исто како и во стандардниот голф ГТИ клубспорт. Ова значи 2,0-литарски турбобензинец со 296 коњски сили, во комбинација со седумбрзински автоматски менувач со двојна спојка, погон на предните тркала и забрзување од 0 до 100 км/ч за 6 секунди.

Новиот голф ГТИ клубспорт 45 ќе почне да се продава во избрани европски држави на 1 март, а цените почнуваат од 47.790 евра на домашниот пазар во Германија.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе