Фолксваген ги распродал сите електрични возила за ЕУ и САД, новите нарачки ќе стигнат дури во 2023

Едвај сме пет месеци во 2022 година, а директорот на Фолксваген Херберт Дис откри дека компанијата ги распродала сите електрични возила за оваа година.

Во разговор за Фајненшал тајмс, шефот на германската компанија кажа дека американските и европските купувачи кои ќе нарачаат електрично возило денес нема да го добијат до 2023.

Што е разочарувачка информација за потенцијалните купувачи, кажа Дис за ФТ. „Имаме огромен број нарачки за електрични возила. Ова важи за сите наши модели вклучувајќи ги ИД.3, ИД.4, моделите на Ауди, кои се одлично примени на сите пазари, моделите на Шкода кои се популарни во Европа“.

Популарноста на електричните возила е и благослов и проблем за Фолксваген, бидејќи компанијата наводно има над 300.000 нарачки кои допрва треба да ги испорача. Овие нарачки не може да се реализираат преку ноќ, особено поради актуелната криза со чипови, па новите купувачи ќе мора да си го чекаат редот.

Иако Фолксваген се мачи да ги постигне нарачките, компанијата воопшто не успорува откако ги претстави моделите ИД. баз и ИД. баз карго во март. По нив ќе следуваат електричен седан и карван, кои беа најавени со ИД. визион концептот.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе